Странските туристи се сè побројни во Охрид. Но покрај, како туристичка атракција, балканскиот Ерусалим стана привлечен и како емиграциска дестинација. Туристите, посебно оние од западните држави купуваат куќи и станови и се доселуваат за постојано живеење. Пештани, Лагадин, Рача, Велестово се само дел од локациите кои се атрактивни за странците.
„Само оваа година повеќе од 40 станови и куќи во Охрид ги купиле луѓе од Холандија. Се купува во Пештани и во Лагадин, а атрактивен е и стариот дел на градот. Неколку семејства од Англија имаат изградено куќи во населбата Рача, а нова дестинација е за поимотните луѓе од Скопје и Белград е селото Велестово, каде се градат вили и се купува земја“, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Во однос на минатата, оваа година бројот на странски туристи е зголемен за 6,5 проценти. До јуни оваа година во Охрид престојувале над 9 илјади гости само од Турција.