
Руското министерството за одбрана ги негираше обвинувањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој објави дека стотици странски бродови биле блокирани од руски војници во украинските пристаништа.
„Што се однесува до лагите на Зеленски за наводно блокирање на околу 100 странски бродови во украинските пристаништа, објаснуваме: украинските власти во пристаништата на градовите Чорноморск, Одеса, Николаев и Јужни во моментов насилно држат 68 бродови на Турција, Кина, Швајцарија, Грција, Малта, Панама , Маршалските Острови, Сиера Леоне, Коморите, Белизе, Либерија, Кајманските Острови, Данска, Сирија“.
Оттаму посочуваат дека Русија секојдневно им обезбедува безбеден коридор од 8 до 19 часот по московско време, долг 80 наутички милји и широк три, преку кој би можеле да влезат во југозападниот дел на Црното Море.
„Меѓутоа, екипажите на овие бродови ни кажаа за време на радио разговори дека украинските власти го забрануваат секое излегување на странски брод од украинските пристаништа под закана од непосредна поплава“.