Здравствена установа Катлановска бања не покажала дозвола за вршење здравствена дејност издадена од Министерството за здравство, информираше во средата Државниот здравствен инспекторат, кој таму направил вонредна контрола по добиена анонимна дојава од пациент дека во оваа бања се вршат сомнителни процедури и ординираат лица кои таму не се вработени.
Инспекцијата затекната тројца доктори – анестезиолог, ортопед и дефектолог кои не се македински државјани.
Тројцата доктори, затекнати при инспекцискиот надзор, немале дозвола од Министерството за здравство, ниту лиценци издадени од Лекарската комора. Инспекторите на увид побарале правниот субјект да им даде дозвола за вршење на здравствена дејност, но тој документ не бил даден. Поради тоа е донесено решение за забрана за вршење на здравствена дејност се додека не го достават тој докумет.
Дозвола за вршење на здравствена дејност за оваа болница не постоела ниту во Министерството за здравство.
Забраната за работа значи дека во Катлановска бања на рехабилитација и лекување нема да може да се примаат нови пациенти, а тие кои се таму во моментот ќе останат се’ додека им заврши лекувањето.
Нејасно е како воопшто Катлановска бањата работела изминатите години и како Фондот за здравство склучувал со неа договор за лекување на пациенти. На пример, минатата година била направена редовна контрола во бањата, но не е познато дали тогаш била побарана дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од министерството.
Во бањата биле утврдени и други неправилности, но како што објасни директорката на ДСЗИ, не биле нотирани бидејќи правниот субјект нема дозвола.
Од Лекарска комора објаснуваат дека кај нив Катлановска бања нема доставено барање за добивање на привремени лиценци за лекари од странство.
Освен здравствените инспектори, работата на Катлановска бања е премет и на проверки од страна на
Финансиската полиција, каде што имаат сознанија за неправилности, а моментов се води предистражна постпака.
Фондот за здравствено осигурување и во 2014 година откри злоупотреба од страна на бањата. Контролата тогаш покажа дека на пациентите незаконски им биле наплаќани услуги.