![rublja dolar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/rublja-dolar.jpg?resize=696%2C424&ssl=1)
Странските вложувачи повлекле од Русија со продажба на сопственоста околу 36 милијарди американски долари во периодот меѓу март 2022 и март 2023 година, извести во понеделникот новинската агенција РИА, повикувајќи се на анализа на податоците од руската централна банка.
Многу големи западни компании ја напуштија или го намалија работењето во Русија, откако ткн колективен Запад почна да воведува сеопфатни санкции без преседан против оваа земја започнати уште во 2014 година поради нејзината инвазија во соседна Украина.
Минатиот петок руската централна банка во својот извештај за стабилноста на финансискиот систем објави дека работењето во Русија всушност го продале само мал удел од странските компании и дека многу го задржале правото за враќање на рускиот пазар.
Од март 2022 до март 2023 година довршени се околу 200 продажни трансакции, а во само петтина од нив е продадена сопственост во вредност од околу 100 милиони долари, истакнуваат во руската централна банка.
Само пет трансакции одобрени од октомври 2022 година вклучувале плаќања на нерезидентите во износи поголеми од 400 милиони долари. Овие продажни трансакции, според централната банка, само во ограничена мера влијаат врз руската економија.
„Прво, повеќето таквите трансакции (…) имплицираат задржување на потребните дозволи за производство, патенти и права на интелектуалната сопственост. На компаниите и натаму им се испорачуваат суровини, материјали и делови, им се осигурува техничка и помош во материјали“, се наведува во цитираниот извештај на руската цeнтрална банка.