Довербата на инвеститорите во Средна Европа се повеќе расте и се приближува кон нивото кое е последен пат забележано во периодот меѓу 2003 и 2007 година, се наведува во најновото изтражување „Анализа на довербата на приватните инвестициони фондови во Средна Европа“ кое го спровела консултантско ревизорската куќа Делоа.
Скоро две третини од испитаниците, односно 60 отсто од нив, очекуваат поинтензивно склопување на договори за работа, што е двоструко повеќе во однос на претходното истражување, а тоа воедно е и највисокотo забележано ниво на доверба во изминатите две години, се наведува во соопштението на Делоа.
„Европа се повеќе се доживува како да е на ивица на пропаста , што значи дека инвеститорите, особено САД, повторно се свртуваат кон Европа, особено кон Средна Европа“ објаснува директорот во Делоа, задолжен за приватни инвестиции.
„Имајќи предвид дека фондовите ги следат пазарите на Средна Европа, можеме да очекуваме нови вложувања.“,истакнуваат експертите.
Воочлив е значаен пораст на оптимизмот по прашање на ефикасноста на финансиските инвестиции, при што дури две третини од испитаниците сметаат дека таа ќе се подобри, што е најголем удел од 2005 година, а дури 60 отсто од анкетираните сметаат дека нивото на нивните активности значајно ќе се зголеми
Во истражувањето понатаму се наведува дека две третини од испитаниците, очекуваат подобрување на економските прилики, што е напредок во однос на 43 отсто од претходното испитување и претставува највисок стопански напредок од 2004 година.
„Верувањето дека ќе биде подобро е од клучно значење за склучување на договори за работа, довербата на сопствениците на фирмите им овоможува да формулираат планови за раст наместо да останат во дефанзива. Приватните инвестиции овде се покажуваат како квалитетен партнер во остварување на нивните планови“, наведува директорот од Делоа.
Исто така четвртина од испитаниците (27 отсто) очекува полесна достапност на кредитите. Свеж финансиски капитал на приватните инвеститори, во комбинација со достапни кредити, може да ја врати Средна Европа на пат кон врвни резултати, оценуваат во Делоа. Напроти назнаките на позитивниот тренд, мора да помине уште некое време до воспоставување на некогашното ниво на трансакции.