Најголеми штети и жртви има во тешко достапните планински предели, каде повредените се префрлени на лекување во болници.
Бројот на загинати во разорниот земјотрес што го погоди Мароко се искачи на 2.012, додека бројот на повредени достигна 2.059, од кои 1.404 лица се во критична состојба, соопшти мароканското Министерство за внатрешни работи.
Мароко прогласи тридневна национална жалост по катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,8 степени.
Националните знамиња ќе бидат на половина копје во текот на целиот период на жалост, објави кралската палата ден по земјотресот. Вооружените сили ќе распоредат спасувачки тимови за да обезбедат вода за пиење, храна, шатори и ќебиња во погодените области.
Најголеми штети и жртви има во тешко достапните планински предели, каде повредените се префрлени на лекување во болници.
Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко во петокот нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.