ВИДЕО| Страшно пророштво за Балканот во „Симпсонови“ за есента 2023-та?!

Во низата „пророштва“ изминатите години кои им се припишуваат на авторите на култната американска анимирана серија „Симпсонови“, се нареди и војна на Косово есента 2023 година, објави америакнската новинарка Натали Моруис во програмата Redacted News.

„Косово?! Дали сте го виделе мемот од ‘Симпсонови’, како предвидува војна меѓу Косово и Србија во есента 2023 година? Изгледа злокобно“, вели Морис, алудирајќи на моменталните тензии меѓу Приштина и Белград во кои дојде до судири на мировните сили на НАТО и српските демонстранти на косовскиот север, како и покачување на готовноста на српската армија поради немирите.

Новинарката го гледа ова пророштво во епизодата „Дома далеку од Хомер“, која е емитувана во 2005 година. Покрај тоа, Морис, свртува внимание дека таа сцена има уште еден интересен детал.

„Во истата епизода којашто се случува истата година, Симпсонови доаѓаат во киносала, каде што се прикажува филмот ‘Опенхајмер“. Сега е 2023 година и во кината се прикажува ‘Опенхајмер’“, додава Морис.

Притоа тоа се однесува на „таткото“ на американската атомска бомба Роберт Опенхајмер и во контекстот на руската војна во Украина од чиј почетокот се потенција стравот од употреба на современото нуклеарно оружје.

Како што забележува Морис, последните вести покажуваат дека предвидувањата на „Симпсонови“ продолжуваат да се остваруваат. Како најсвеж пример, таа ја наведува неодамнешната трегедија на мини-подморницата „Титан“ на која се случи смртоносна имплозија додека нуркаше кон остатоците на потонатиот легендарен пароброд „Титаник“.

Фановите на серијата, имено, се присетија на сцените во кои главниот лик Хомер, заедно со својот татко, нурнуваат до потонатиот брод, трагајќи по богатство на дното на океанот. Наоѓајќи се на голема длабочина Хомер сфаќа дека се случило нешто страшно. Му снемува кислород и почнува да се задушува. На крајот од епизодата тој се буди во болница опкружен со семејството по три дена минати во кома.