![soooo Страшна сообраќајка на булевар Србија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/soooo.jpg?resize=500%2C272&ssl=1)
Тешка сообраќајка се случи вечерва на булеварот Србија во Скопје, во близина на бензинската пумпа на „Макоил“, објави Репортер.мк.
При тешката сообраќајка двете возила, голф и опел корса, поради изгубената контрола врз воланот, неконтролирано влетале во огромна градежна дупка, која поради гражните зафати што се одвиваат во близина не е покриена.
Засега нема официјални податоци за настрадани во тешката сообраќајка, но според очевидци, имало неколку повредени.
ФОТО: Репортер.мк