![mila-carovska-640x363](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/mila-carovska-640x363.jpg?resize=640%2C363&ssl=1)
Документот од Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027, ја демантираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која денеска изјави дека во Македонија нема да се градат згради за бегалци.
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2017/08/kolaz-9-640x640.jpg?resize=640%2C640)
Во самата стратегија која е предложена од Владата на СДСМ и Зоран Заев и Министерството на Царовска стои дека до крајот на годината предвидено е почнување на 71 проект.
Во секторот „Домување“ се вели дека треба „да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“. Очекувањата на Владата и Министерството се „Достапни локации за изградба на социјални станови“.
Од општините се бара „барем 100 единици – локации да станат достапни“, а иако не е одредено колкав ќе биде, буџетот се предвидува а биде обезбеден од државата и да биде 100 процентен.
Царовска, минатиот месец истакна дека Министерството и Владата целосно стојат зад овој документ.
Денеска Царовска изјави дека нема да се градат социјални станови за мигранти и бегалци, но самата нацрт-стратегија ја демантира.