![nafta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/nafta.jpg?resize=696%2C432&ssl=1)
Американските резерви од нафта за седмицата по 7-ми јули се намалиле за 0,4 милиони барели, или за 0,1 отсто, на 346,8 милиони барели, се наведува во седмичниот преглед на одделот за енергетски информации при Министерствтоо за енергетика на САД.
Показателот објавен во средата останува на минимумот од седмицата која завршила на 19-ти август 1983 година, кога американските стратешки нафтени резерви изнесувале 345,7 милиони барели нафта. Со тоа, овој показател на тоа најниско ниво останува петта седмица со ред.
Стратешките нафтени резерви на САД бележеа континуиран пад од септември 2021 година до почетокот на оваа година. Во периодот меѓу јануари и март годинава, овој показател бележеше нагорен тренд, а потоа повторно почна со пад.
Минатата 2022 година американскиот претседател Џо Бајден најави ослободување на вкупно 180 милиони барели од стратешките нафтени резерви со цел да се намалат цените на бензините, за што беше критикуван од политичките опоненти за наводно празнење на залихите без итна потреба.
На 16-ти мај годинава американското Министерство за енергетика објави дека ќе купи до 3 милиона барели нафта за надополнување на стратешките резерви. Беше нагласено дека секторот има намера да купува нафта „по цена пониска од просечната вредност на нејзината продажна цена во 2022 година на нивото од 95 долари за барел“.
Подоцна, на 13-ти јуни, деловната новинска агенција Bloomberg News, повикувајќи се на свои извори, објави дека САД во текот на севкупно во 2023 година имаат намера да купат околу 12 милиони барели.