Од петокот, па наваму се шират различни дезинформации и информации околу спроведување на предвремени парламентарни избори. По одржувањето на ЦО на СДСМ граѓаните слушнаа и прочитаа различни ставови и мислења од врвни функционери на истата партија, пишува во понеделникот порталот Курир.мк
Пред започнување на ЦО на СДСМ, во петокот, Радмила Шекеринска беше запрашана дали СДСМ е за предвремени парламентарни избори, таа одговори „да“ и дека е грев за една партија да побегне од избори како што се парламентарни.
-Прескапо е било на која политичка партија да се откаже од учество на парламентарни избори. И мислам дека на Македонија и треба превидливост во која нема да се плашиме дали изборите ќе бидат успешни или неуспешни. Па макар биле и тие претседателски. Вториот аргумент силен по мене е дека зад нас е еден заокружен процес и можеме да кажеме дека фокусот оваа година и половина беше навистина на теми кои што значат стратешки интерес на државата НАТО и ЕУ. И покажавме дека не зборуваме за овие работи дека навистина тоа што го најавивме го испорачавме, појасни Шекеринска.
Но, Александар Кирацовски по одржувањето на ЦО на СДСМ излезе со друг став, при што рече дека за да СДСМ излезе на избори, потребно е на вага да се ставата интересите на граѓаните на Република Македонија.
-СДСМ денес не се водеше од своите лични интереси, туку и од интересите на Република Македонија. СДСМ на вага ги стави и ќе ги става во следната недела интересите за Република Македонија и за граѓаните дали е предност или недостаток да се оди на обете избори. Дали е од краткорочна цел за Република Македонија или од долгорочна цел, и бенефит за граѓаните и Република Македонија да се оди на обете избори или само на претседателски избори, нагласи Кирацовски.
А, денеска портпаролот на СДСМ запрашан за предвремени парламентарни избори тој одговори дека не треба СДСМ да ги прифати. При што потенцира дека предвремени парламентарни избори не се приоритет на Македонија.
СДСМ е во голема дилема бидејќи провокацијата за една партија не е мала да се оди на избори. Две ипол години на СДСМ им поминаа, а од реформите и економијата во земјата не направија ништо. Тоа граѓаните го чувствуваат и го искажуваат во револт.