Стравот од кревање на каматите ја спушти нафтата под 93 долари

Цените на нафтата се лизнаа во средата на меѓународните пазари под нивото од 93 долари за барел поради загриженоста за побарувачката која ја поттикнуваат централните банки на САД и во западна Европа со најавите за повторното подигнување на каматните стапки поради зауздување на инфлацијата.

Цената на барелот на лондонскиот пазар паднаа за 34 центи во однос на затворањето на тргувањето во вторникот, на 92,83 долари. Во речиси ист износ барелот поевтини и на американскиот пазар каде се тргуваше по 86,99 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) не ја објави цената на барелот кошница референтна нафта на нејзините членки. Во понеделникот барелот чинеше 97,50 долари.

Пазарите се фокусираа на најавата на централните банки дека поради високата инфлација би можеле повторно да ги подигнат каматните стапки, што би влијаело врз економскиот раст и последично на побарувачката на нафтата.

Главниот економист на Европската централна банка (ECB), Филип Лане, повтори во средата дека ќе продолжи зголемувањето на каматните стапки, бидејќи се фокусирани на инфлацијата. Повисоките цени на енергијата и натаму се „доминантна придивжувачка сила на инфлацијата“ во еврозоната, рече.

Извештајот за инфлацијата во САД во август, исто така, ги придуши надежите дека тамошната централана банка Federal Reserve (Fed) и можела да го ублажи темпото на заострување на монетарната политика следните месеци, покажувајќи дека цените на месечно ниво повторно благо пораснале, по стагнацијата во јули. На годишно ниво се зголемени за 8,3 отсто, а Fed ја цели стапката на инфлацијата од 2 отсто. Седницата на комисијата за монетарна политика ќе биде одржана во вторник и во среда следната седмица.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) предвидува дека поради сѐ поизразеното економски забавување и потклекнување на активностите во Кина којашто спроведува строги мерки за сузбивање на коронавирусот, глобалната побарувачка на нафтата ќе стагнира во четвртиот квартал годинава.

Позначителниот пад на цените на нафтата, пак, го спречи процената IEA дека преминувањето на бројните земји од гас на нафта ќе ја зголеми побарувачката во периодот од октомври до март следната година за просечните 700.000 барели дневно, двојно повеќе отколку една година претходно.

Во OPEC, пак, предвидуваат силен раст на глобалната побарувачка на нафтата во оваа и во следната година, повикувајќи се на сигналите дека ситуацијата во големите економии подобро отколку што се очекувало, двојно повеќе отколку од пред една година. Некои аналитичари, пак, таквата процена ја сметаат за „пуста желба“.

„OPEC и натаму ја гледа глобалната економија низ розови очила, и покрај заканите од рецесија во неколкуте клучни економии“, вели за Reuters Стефен Бренок од PVM.