Иако во соновите сонуваме точно одредени ситуации, со одредени лица, тие всушност се многу симболични. И тоа за нашиот реален живот.
На пример, ако сонувате дека некој некаде ве заробил, или можеби сте изгубени, многу често тоа е знак дека постои некоја ситуација која ве мачи во јаве. Било да станува збор за работа, семејство или пријатели, чувство на загубеност, беспомошност и заробеност.
Сон во кој бесконечно паѓате веројано секој сонувал. Воглавно тоа се поврзува со чувство на тешкотијаа, нервоза и страв од некоја ситуација која ја проживувте во животот.
Таков сон значи дека треба да се обратите некому за помош, бидејќи вашата потсвест ви сугерира дека сте на крајот од патот.
Ако во сон ви се расипе автомобил, или мобилен телефон можеби. Можеби тоа не звучи како кошмар, но расипување на некоја технолошка направа значи дека со некој кој сте многу блиски сте изгубиле контакт и дека поради тоа потсвесно сте вознемирени.
Веројатно, многу пати сте сонувале дека сте паднале на некој важен испит во училиште и на факултет. Студентите и учениците сонуваат од очигледни причини, а ретко кога тие имаат подлабоко значење. Но, ако сонувате тест од математика, тоа значи дека потсвесно сте загрижени околу се’ што досега сте направиле и постигнале. Истпитот сте вие самите и вашиот живот е тоа шти вие го испитувате.
Смртта во соништата всушност во најголем број случаи значи позитивна работа. Решавање на некој проблем, раскрстување со минатото, нов почеток. Се’ тоа се работи на кои можете да им се радувате. Но, да сонувате болест или болест може да значи и дека сте длабоко повредени и тажни, односно дека се плашите дека некој ќе ве повреди. Ако е болен некој ваш близок, значи дека нешто во тој однос не е ккао што треба и дека би требало да се обидете да дојдете до коренот на проблемот.