Стразбур го елиминираше Лил

Фудбалерите на Стразбур се последните учесници во осминафиналето на годинешниот Француски куп, откако во дуелот од 16-финалето играно во четвртокот на свој терен го совладаа Лил со 2:1 (1:0).

Стразбур поведе со 2:0 преку Да Коста во 31 и Саади во 48 минута, а конечните 2:1 го постави Бисума во 54 минута.

Во четвртокот беше извршен и ждребот за осминафиналето, а Стразбур ќше гостува кај третолигашот Гренобл.

Само две двојки од осминафиналето ги сочинуваат прволигаши. Лион, кој во средата го елиминираше Марсеј, ќе гостува кај Монпелје, а Мец ќе го пречека Каен. Бранителот на титулата ПСЖ ќе гостува кај второлигашот Сошо, а моментално третопласираниот тим во лигата Монако кај уште еден второлигаш Бург-ан-Бресе. Другите двојки ги прават Ленс – Троа, Шембли – Гренви и Оксер – Лезарбер.