За да го привлечат внинманието на еколошката, криза, активистите од организацијата Extinction Rebellion во понеделникот во гаќички ја прекинаа расправата за брегзитот во британскиот парламент.
На галериите за посетителите над пратеничките клупи дванаесетина активисти се соголеа, откривајќи ги слоганите на нивните тела кои повикуваат на носење „закон за климатска правда“ и предупредуваат на „еколошки крах“.
Сепак, не успеаја да ги попречат пратениците кои претседателот на Долниот дом, Џон Беркоув, ги повика да продалжат расправата. На активистите го привлекоа вниманите на социјалните мрежи на кои брзо се проширија нивните разголени фотографии.
„Бевме принудени така да постапиме, бидејќи владата и медиумите ја игнорират најважната и најитна тема на нашето време“, истакна во соопштение активистот Марк Овленд.
„Крајно време е политичарите да престанат да изнегнуваат и да се фатата во костец со еколошката криза, како што тоа одамна веќе требаше да го сторат“, оценува друг активист Иги Фокс. Предупреди на „губење на времето и средствата“ кои владата ги троши на прашањето на излегувањето од ЕУ.
Полициајта ги привела активистите поради непристојно однесување во јавноста, пренесува агенцијата Press Association.