2.8 C
Skopje
петок, декември 20, 2024

Строги контроли на влез во Австрија, патниците чекаат и по 13 часа (ВИДЕО)

Огромна колона е формирана пред тунелот Караванке на словенечката страна на границата со Австрија.

Според информациите, за премин на границата луѓето чекале и до 13 часа без храна и вода.

Големата гужва настанала поради новите безбедносни мерки на Австрија поврзани со Ковид-19, а кои налагаат секое возило кое влегува во земјата да подлежи на детална контрола.