Цената на струјата за малите потрошувачи и за 99,2% од домаќинствата ќе се намали. Ова го изјави директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој дополни дека, меѓутоа, ДДВ-то од 1 јануари ќе се зголеми од 5% на 10%.
„Кога ги носевме одлуките, ги земавме предвид заштитата на животната средина, на животниот стандард и сигналот кој го испратија потрошувачите, особено домаќинствата и факт е дека во последно време штедат. Со оваа одлука ќе се сконцентрираме да им помогнеме на малите потрошувачи“, реле Бислимоски и додаде дека, од првиот, вториот и третиот блок домаќинствата ќе плаќаат речиси идентична сметка со зголемувањето на ДДВ-то.
Вкупната цена за малите потрошувачи од 1. јануари се намалува за 20,15%. Оваа цена ќе се применува за 70.000 компании во државата, кои се соочуваат со зголемени трошоци за електрична енергија. Тоа се мали дуќани, фризерници, берберници, мали кафулиња, компании кои им треба оваа помош. Затоа со оваа одлука нивната цена за електрична енергија.
Кај домаќинствата, цената на електрична енергија за првиот блок се намалува за 4,11%, за вториот блок се намалува за 2,95%, цената на третиот блок се корегира и се зголемува за 0,85% и за четвртиот блок цената се зголемува за 7,65%.
99,2% од домаќинствата во државата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку продолжат домаќинствата да штедат, многу мал процент ќе имаат зголемени трошоци за струја. Тоа се конкретните мерки на РКЕ.
-Со овие наши одлуки, цената за пренос на електрична енергија се намалува за 8,66%, цената за дистрибуција за 19,54%. Тоа е дополнителна помош за компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија, затоа што нивните трошоци за мрежарина и вклучување се намалуваат за 20%. Во изминатиот период имаше реакции дека трошокот за мрежарина е поголем од трошокот за енергија, сега тоа ќе се промени, трошокот за дистрибуција на ел. енергија се намалува за 20,6%, рече Бислимоски.
Тој појасни дека, вкупната цена е збир од цената на активна електрична енергија и цена за дистрибуција. Вкупно 7,72 денари за киловат час, а сега вкупната цена е 7,41 денар, односно е за 4,11% е пониска. Тоа е за првиот блок. За вториот блок беше 8,08, сега 7,84. За третиот блок беше 8,66 денари, сега ќе изнесува 8,74 денари, и цената за четвртиот блок беше 17,48 денари, сега 18,81 денари.
„РКЕ ги намали цените за да не се почувствува кај домаќинствата зголемувањето на ДДВ-то. Кај тие што штедат, поттикнуваме повеќе да штедат“, посочи Бислимоски.