
Бројот на смртните случаи како последица од инфекција со новиот тип коронавирус во светот ја мина бројката од четврт милион, откако бројот на заразениет се искачи на 3,5 милиони, покажуваат официјалните податоци, додека неколку земји започнуваат со ублажување на карантинските мерки чија цел беше спречување на ширењето на заразата.
Северноамериканските и европските земји ги пријавија повеќето нови смртни исходи и заразени во последните денови, но бројките растат и во Латинска Америка, Африка и Русија.
На глобално ниво, во последните 24 часа се регистрирани 3.915 смртни исходи и 75.646 нови случаи на заразата, со што бројот на смртните случаи се зголеми на 250.152 и 3,59 милиони зразени луѓе. Најмалку 1,1 милион луѓе се опоравиле од заразата, според достапните податоци.
Тоа ја преминува проценетата бројка од 140.000 смртни исходи ширум светот од малите сипаници во 2018 година и се споредува со околу 3 до 5 милиони смртни случаи од сериозни болести предизвикани од сезонскиот грип, според Светската здравствена организација.
И додека моменталната крива на респораторната болест Covid-19 не ги достигнува размерите на шпанскиот грип од 1918 година за кој се проценува дека заразил 500 милиони луѓе од кои умреле најмалку 10 отсто, стручњаците стравуваат дека достапните податоци не зборуваат за вистинските димензии на сегашната пандемија.
Здравствените експерти, исто така, предупредуваат дека може да има и втор и трет бран од зараза со коронавирусот, бидејќи многу региони на планетата не го стекнале ткн имунитет на крдото. Човештвото го стекнува овој имунитет, кој бара околу 60 отсто од полулацијата за закрепне од болеста.
Првиот смртен случај кој се поврзува со новата болест Covid-19 беше потврден на 10-ти јануари во кинескиот град Вухан, откако таму коронавирусот првпат е откриен во декември. Бројот на смртните случаи во еден ден својот пик го достигна минатата седмица – на 29-ти април, со бројка од 10.229 смртни исходи. Стапката на растот на дневните смртни случаи забави изминатите денови за 1 до 2 отсто од високите 14 отсто на 21-ви март.
Стапката на смртнотста варира од земја до земја. Белгија има највисок морталитет од 16 отсто меѓу земјите во кои заразата беше со пошироки димензии. На вториот крај од оваа листа, пак, се Австралија и Нов Зеланд со 1 отсто. Британија е на 15, Италија на 14 а САД на 6 отсто. Во Африка, пак, во Алжир е највисоката смртност со 10 отсто.
Но стручњаците сметаат дека секоја земја со морталитет повисок од 2 отсто речиси сигурно имала непријавени случаи, бидејќи земјите зафатени со пандемијата многи вереојатно не правеле тестирања во заедницата, ниту ги бележеле смртните исходи кои се случиле надвор од билниците.