Штрудла со сирење

Подготовка

За тесто:

550 гр. брашно

2 лаж. сол

1 лаж. шеќер

1 лаж. сув квасец

1 јајце

1 шолја за кафе масло

200 мл. млеко

150 мл. топла вода

За фил

Урда

Јајце за премачкување

Малку сусам

Подготовка:

Во брашното ставете сол, шеќер и сув квасец. Измешајте ги маслото со изматеното јајце, па додадете го брашното. Со топло млеко и вода направете помеко тесто, додадете вода малку по малку (125-150 мл). Најдобро е да додавате постепено. Измесете го тестото да се одвои од садот и оставете го на топло да стаса.Направете кора па премачкајте ја со урда, па направете ролат.

Ставете го ролатот во тавче обложено со хартија за печење и сечете на ситни парчиња до 1,5 см, но не до крај. Вртете ги парчињата лево десно.

Ставете ја штрудлата уште малку да стаса и посипете ја со сусам. Печете во добро загреана печка убаво да зарумени.