![policija-620x330](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/policija-620x330.jpg?resize=640%2C340&ssl=1)
Вчера во 14 часот и 30 минути во Полициската станица Карпош од Итна медицинска помош е пријавено дека во Скопје на улица „Љубљанска“, во објект во изградба имало починато лице. Излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за 29- годишниот В.Ц од село Кошари, КриваПаланка, вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот- стои ви соопштение од полицијата.
Оттаму велат дека починатиот при изведување на градежни работи во објект во изградба додека ја командувал дигалката од 5-ти кон 1-ви кат се здобил со струен удар и починал.
Телото на починатито е предадено на обдукција.