ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и Струга од денешните партиски пресконференции порачаа дека двата града не се за прием на мигрантите и нивно стационирање во мигрантски кампови во тие општини.
-Сите сме сведоци дека држави и економии многу посилни од Македонија се соочуваат со страшни предизвици и огромни потешкотии во интеграцијата на мигрантите во нивните системи. Замислете што ќе се случи кога Македонија, кога за кратко време ќе се соочи со 150.000 мигранти, кои од неа ќе бараат да ги вдоми, образува, вработи и целосно да ги вклучи во македонското општество, изјави Игор Ефтимов порпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.
– Одговорно тврдиме дека нема да дозволиме други луѓе да ја крадат иднината на нашите деца, да им ги земат работните работните места и да ја нарушат безбедносната состојба во Струга и во Македонија, вели претседателот ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга Дејан Пауноски на денешната прес конференција.
Граѓаните од сите општини се обединија заедно и се против Стратегијата за бегалци, мигранти и странци и акцискиот план кој го усвои СДСМ. Изминатиот период преку прес конференција бараат од СДСМ и Заев да ја преиспитаат одлуката за трајно населување на овие лица на територија на Република Македонија.
Според нив владата на СДСМ треба да се грижи за подобрување на условите за живот на граѓаните на Македонија, а не на лица кои претставуваат опасност за безбедноста на државата и граѓаните.