Струга ТЛ со сигурна победа од 3:1 (2:0) го отвори двомечот против претставникот од Луксембург, Свифт Есперанж и славеше солидна победа со 3-1 (2-0) во рамките од второто коло од квалификациите на Конференциската лига.
Играч на натпреварот беше Бесарт Ибраими, кој ги постигна сите погодоци за домашниот состав.
Натпреварот започна со блага иницијатива на Струга ТЛ. Актуелниот македонски првака имаше повеќе од играта, но без конкретни шанси во првите дваесетина минути.
Свифт Есперанж во тие моменти делуваше сосема летаргично, а згора на тоа, гостинскиот голман Чекановиќ во 23. минута направи огромна грешка, по која Бесарт Ибраими немаше проблем да ја смести топката во празната мрежа за 1:0.
Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ беше прецизен реализатор на ударот од белата точка и Струга на полувремето водеше со сигурни 2:0.
Почетокот на второто полувреме донесе комплетно нова слика на теренот. Есперанж успеа да намали на 1:2 уште во првата акција, а стрелец беше германскиот интернационалец Доминик Штулц. Струга ТЛ, сепак, успеа да го затвори натпреварот во своја полза и славеше победа од конечни 3-1.
Доколку го мине Есперанж, Струга ТЛ ќе има историска можност да настапи во „плеј-офот“ пред групната фаза од Конференциската лига на УЕФА