Заврши фудбалската сезона 2020/21 сезона. Струга ТЛ со историски успех откако се пласираа во Европа и го победија Силекс во Кратово со 1:0 со што завршија на третата позиција на табелата. Фудбалските тимови на Силекс и Ренова одат во баражот, а пак во Тетово имаше прекин.
Македонија ЃП со 2:0 го победи Вардар, но не успеа да ја оствари целта, да се пласира во Европа.
Пелистер ја победи Беласица со 2:0, додека Ренова и Работнички одиграа без победник. А.Пандев рутинирано, без поголеми проблеми успеа со 3:1 да го попбеди Борец и да го избегне баражот.
РЕЗУЛТАТИ – 33.КОЛО
А.ПАНДЕВ – БОРЕЦ 3:1
(Манев 13., Миловановиќ 25., 49./Горгиев 42.)
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 2:0
(Драгарски 20., Гоудиаби 76.)
РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1:1
(Шефити 36./ Ѓурѓевиќ 59.)
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 1:1
(Ибраими 41./Адем 58.)
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0:1
(Јахја 67.)
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:2
(Петров 49., Божиновски 87.)