Силното невреме проследено со пороен дожд кое попладнево ја зафати Струмица, предизвика поплави по улиците во долниот дел на градот.
„Радио Струмица нет“ јавува дека најзагрозени биле улиците Младинска и Ѓорги Василев, каде надојдените води од горниот дел на градот предизвикале проблеми за учесниците во сообраќајот.
Засега нема информација за поплавени домови на жителите од овој дел на градот, иако, според фотографиите, многу куќи изгледаат загрозени од надојдените води.