ФОТО: Струмичани сами бараат решение за проблемите, Заев на Палма де Мајорка

Соочени со перманентно отсуство на градоначалникот Зоран Заев, струмичани почнаа да бараат решение за основните проблеми со кои секојдневно се соочуваат, а за кои нивниот градоначалник нема никаков слух, пишува „Курир“.

Граѓаните на Струмица велат дека не ги интересира големата политика. Сакаат ефикасна локална власт, а не ветувања за пици по секое маало. Напоменуваат дека најважно им е да си ги сочуваат автомобилите, бидејќи големи се секојдневните трошоци за уништени амортизери и гуми.

pica-sr-2

Струмичани не веруваат дека нови делови ќе им купи некој од преговарачите во Клубот на пратеници, па во знак на револт, големиот број дупки низ градот симболично ги прекрија со пици.

На овој начин тие сакаат да испратат порака до градоначалникот Заев, кој неодамна излезе со нов креативен план – ќе пренесувал искуства и ќе ги учел струмичани за тајните на италијанската кујна, за правење на пици и тестенини.

Со ваквата идеја поклопуваме уште една потреба на Струмица да познатото кулинарство од Италија и преку пастите, пиците, месото и целиот начин на изработка на италијанската кујна ќе има одлична можност преку отворање на училиште овде во Струмица, рече Заев.

Додека Струмица трпи и граѓаните бараат остварување на ветувањата за асфалтирање на улици, игралишта, канализации, Заев излегува со комични идеи за курсеви за пица мајстори и организација на поетски вечери во секое маало.

pica-sr-3

Според струмичани, додека Заев дели памет во Скопје, му порачуваат да дојде и да ги асфалтира улиците во Струмица. Неасфалтирани улици, дупки на секој чекор, кал, вода и незадоволство е дел од секојдневието на граѓаните на Струмица. Велат дека тие го плаќаат за да биде градоначалник, а таму се живее како во среден век, додека тој се кити во Скопје.

Струмичани и денеска го побарале Заев во општината, но нивниот градоначалник наместо на своето работно место заминал во Палма де Мајорка. Неговиот адвокат Филип Медарски, откако Заев и денеска не се појави на судењето на Пуч, покажа авионска карта за Барселона и Палма де Мајорка.

Медарски како доказ на судот му достави копија од електронска авио карта со која образложи дека Заев, денеска попладне патува од Скопје, преку Цирих и Барселона, со крајна дестинација Палма де Мајорка. Според нашите информации, Заев заминал за Палма де Мајорка со лет на Swiss air и се туркал на аеродром да помине преку ред.

cvekje-kumanovo-1

Слично како и струмичани, неодамна и кумановчани сами почнаа да си ги “решаваат“ маките. Никнаа цвеќиња на територијата на општина Куманово, но наместо во парковите, цвеќињата никнаа во дупките на улиците кои со години не се реконструирани.

Граѓаните на Куманово се соочени со негрижата на градоначалникот Зоран Дамјановски- Циц, за кого велат дека не е свесен за реалните потреби на граѓаните на Куманово и живеат како во 19 век.