Струмичанка измамена од скопјанец за 27.000 евра

Шеесет и едногодишната жителка на струмичко село пријавила во четвртокот дека пред четири години била измамена за речиси 27.000 евра од лице кое лажно се претставило како адвокат кој наводно обезбедувал документација за земјоделско земјиште.

Во СВР Струмица, вчера Б.Д. од Село Баница пријавила кривични дела „измама“ и „лажно претставување“. Според пријавеното, во 2015 година била измамена за 26.900 евра од 31- годишниот К.Л. од Скопје, кој престојувал во Струмица, а кој и се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе и обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви во непосредна близина на село Баница, Струмица.

До денот на пријавувањето, како што информираат од МВР, К.Л. не и обезбедил земјоделско земјиште,а од парите и вратил само 3000 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.