СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.К.(31) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „злоупотреба на лични податоци“.
-Пријавениот, без согласност, на женско лице од струмичко село, со која бил во љубовна врска, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил каде објавил експлицитни фотографии од неа, а дополнително по електронски пат фотографиите ги испраќал и на други лица, информира МВР.