![RAS_7664](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/RAS_7664.jpg?resize=670%2C447&ssl=1)
Четириесет и едно годишен струмичанец вчера во кругот на СВР-Струмица, вербално нападнал полицискиот службеник незадоволен бидејќи не му бил пронајден моторциклот, кој го пријавил за одземен истиот ден. М.Д. бил предупреден да не го нарушува јавниот ред и мир, но тој и понатаму продолжил со нарушувањето и побарал прием кај сменоводителот во ПС.
Откако на М.Д. бил замолен да почека бидејќи имало други странки, тој почнал да го влече за палтото од униформата полицискиот службеник и со тупаница го удрил во пределот на градите и во пределот на рамото.
М.Д. потоа подлегнал на алкотестирањепо кое било утврдено присуство на алкохот од 1,82 промили. По целосно документирање на случајот против М.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.