
Во вторникот во 18.20 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода 27-годишниот К.А. од Струмица.
При пасошка контрола било утврдено дека во службената евиденција се бара по телеграма од ОВР Кавадарци, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, казниви по член 300 и 301 од Кривичниот законик, информира МВР.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Велес за понатамошна постапка.