Струмичанец удрил малолетен пешак во Кавадарци и избегал со возилото

Во четвтокот во 14.11 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на улицата .„Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „југо“, со демиркаписки регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, по што го напуштил местото, информира МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.

По преземени мерки од полициски службеници е утврдено дека возилото го управувал 27-годишниот  А.К. од Струмица, со престој во Кавадарци.