Струмичанка кривично пријавена за изработка а десетина лица за користење на фалсификувани PCR тестови

Педесесет иедногодишна жена од Струмица, идентификувана со иницијалите В.М. е кривично пријавена поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а уште вкупно 12 лица се осомничени дека ги злоупотребиле таквите нелегални документи, иако знаеле дека се фалсификувани.

Како што се известува во неделата, СВР Куманово, покрај струмичанката поднело кривични пријави и против С.Ј.(25) од Радовиш, Р.М.(24) од Струмица, О.Ј.(23) од Радовиш, Џ.С.(43) од Радовиш, М.Р.(25) од Радовиш, С.С.(18) од Радовиш, Е.С.(47) од Радовиш, Е.Д.(65) од Радовиш, К.Р.(23) од Радовиш, С.Д.(67) од Радовиш и А.М.(24) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Првопријавената, во текот на 2021 година изготвувала фалсификувани ПЦР тестови за Covid-19 и ги продавала на лица кои имале потреба да патуваат во европските земји.

Меѓу нив биле и останатите пријавени, кои на 9-ти октомври ги приложиле фалсификуваните тестови на Граничен премин „Табановце“.