Струмичкиот градоначалник вчеравечер завршил на инфузија, а причината е тоа што вдишал чад во гаснењето на пожарите. Првиот човек на Струмица, Коста Костадинов решил да биде „рамо до рамо“ со пожарникарите, а за ваквиот гест се огласија и самите тие каде упатија пофалби до него.
Го опишаа како некој кој несебнично помогнал за гаснењето на пожарите.
„Ниту фотографии ниту видеа и прес конференции, Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас. Во еден момент кога ескалираше пожарот вдишувајќи многу чад мораше да прими инфузија. Но не се откажа ниту на било кој начин се обиде тоа да го експлоатира. Ти благодариме Градоначалниче за подршката и да останеме сите со добро здравје“ објавија струмичките пожарникари.
Меѓудругото Костадинов им даде и парична награда на пожарникарите од 10.000 денари за секој припадник кој ги гаси пожарите.