Судијата Аризанова во образложението за пресудата во детали објаснува како „никој, па ниту еден политичар користејќи го загарантираното право на слобода на говор, не смее истото да го злоупотребува на начин кој е непримерен за едно развиено граѓанско и демократско општество, т.е. со користење на своето право не смее да му нанесува штета на правото на приватност, чест и углед на друго лице“. Аризанова, од друга страна, утврдила дека Заев е градоначалник на Струмица и лидер на најголемата опозициска партија во државата и оти согласно својот општествено-политички ангажман е јавна личност и каков таков несомнено е изложен и на пофалби и на критики, но ужива авторитет и углед и на локално и на државно ниво. Уште повеќе, судијата напишала дека е семеен човек, сопруг и татко на две малолетни деца.
За струмичкиот суд, во конкретниот случај, не е доволно ни тоа што се работи за видео и аудиоснимка на која се гледа и слуша Заев ни тоа што Обвинителството има покренато постапка врз нејзина основа.
Оттука се поставува прашањето дали ваквата пресуда, која ги брани честа и угледот на Заев, всушност, не покажува како правото и судството гледаат на тоа кога се објавуваат снимки во јавноста и врз основа на тоа се даваат класификации за одреден политички соперник, како што и самиот Заев неколку месеци од почетокот на година правеше со снимките од незаконското прислушување?
Kако што е познато, од февруари до јуни, лидерот на СДСМ, Заев, направи 38 објави на снимки од незаконско прислушување, за кои тврди дека докажуваат корупција на владини функционери, пред се, обвинувајќи го речиси целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за криминални активности.
Заев не штедеше квалификации за владините функционери
Во прес-конференциите…