„Дневник“: Струмичкиот суд бранејќи ја честа на Заев, му ги поништи бомбите

Во прес-конференциите што ги организираше, Заев не штедеше квалификации за владините функционери, иако беа спорни автентичноста и целовитоста на снимките.

„Дневник“ понатаму наведува дека струмичкиот суд, сакајќи или не, побива уште еден аргумент што Зоран Заев често го користи за одбрана на своите објави на снимки од незаконско прислушување – заштитата на јавниот интерес.

Имено Заев, уште на првата објава на 9 февруари рече: „Oва што во интерес на граѓаните и државата сум должен да го споделам со јавноста е најнепријатното нешто што сум повикан да го направам, како одговорен граѓанин на оваа земја. Иако, како и секој човек што си ја сака државата, искрено жалам што Македонија, токму поради неодговорни луѓе, е доведена во ваква срамна ситуација за каква што ќе слушате од денеска“.

Судот во пресудата, која е во негова корист вели:

Иако судот се согласува со ставот дека јавниот интерес е повисока општествена вредност од приватниот интерес, излегувањето на организирана прес-конференција и изнесување тврдења базирани на докази чија автентичност во најмала рака е спорна, судот не може да го прифати како барање на некаков јавен интерес од страна на тужениот, кој застапува политичка, а не граѓанска опција.

По повод оваа пресуда на струмичкиот суд, прес конференција одржа и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Што му порача тој на Заев, проследете на следниот линк.