Револтиран сопатник нападнал полицаец кој вршел редовна контрола на улица во Струга.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи завчера стружанец нападнал полицаец.
Инцидентот се случил додека пријавениот 41-годишниот А.А., како сопатник во автомобил „ Цитроен-Ц 5“ со скопски регистарски таблици нападал полицаец.
Полицаецот пред два дена околу 13.40 часот на улиците 15 Корпус и Владо Малески во Струга го застанал автомобилот и од возачот ги побарал потребните документи. Тогаш А.А. прво вербално, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник.
Насилниот стружанец си заработи кривична пријава.