Стружани на протест, бараат итна санација на патот Струга-Ќафасан

Патот до граничниот премин Ќафасан е полн со дупки, небезбеден и претставува „црна точка“ која одзема човечки животи и предизвикува многу сообраќајни незгоди, велат граѓаните-жители на Струга кои денеска излегоа на протест со барање итно да се санира овој пат.

Поради тоа што властите со години ветуваат, но досега никој не презел ништо за санација на патниот правец, тие на протест го изразија стравот и незадоволството, објави ТВ24.

Граѓаните велат дека доколку и сега не допрат до слухот на надлежните, ќе организираат уште помасовни протести.

Власта веќе неколку години ветува реконструкција на постоечкиот правец, но од тоа засега нема ништо. Она што се прави е само крпење на патот и на дупките кои се отвараат при секој пообилен дожд, пишува ТВ24.