Метеоролозите најавуваат слаби врнежи претежно од снег ќе има во западниот крај и во источниот регион.
За разлика од вчерашното, ова утро ќе биде потопло а минималната температура ќе се движи помеѓу минус два и еден Целзиусови степени.
Максималната температура воглавно ќе има вредност помеѓу два и четири низ најголем дел од котлините во северниот и западниот кра, а во гевгелиско – дојранскиот до околу седум степени.
Скопје денес времето ќе биде претежно облачно со мали услови за снег утрото а температурата ќе достигне максимални четири степени.