Студено време, понекаде сончеви периоди

Во најголемиот дел од  Македонија во средата ќе се задржи променливо облачно и студено, а на некои места ќе има и сончеви периоди.

Во текот денот ќе биде ветровито, ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде должд Повардарието.

Утринската температура речиси секаде е под нулата, а дневната ќе се движи во интервалот од 2 до 8 Целзиусови степени.