![dozd](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/dozd.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 9 до 15 степени.
Во Скопје облачно со повремен дожд и со слаб североисточен правец. Минималната температура ќе биде 11, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.