Универзитетското радио ,,Студент ФМ 92,9” денесла ќе го одбележи Светскиот ден на театарот, 27 март, со премиерно емитување на радиодрама и со воведување на овој жанр како дел од редовната програма.
„Мечка“ од А. П. Чехов е првиот проект кој ќе биде емитуван денешната програма во 19.00 часот на ,,Студент ФМ 92,9”.
За реализацијата на радиодрамата беа ангажирани тројца студенти по актерска игра на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” од Скопје: Васко Костовски, Ангела Стојановска и Мартин Манев. За техничката реализација и режијата се погрижи Дамјан Костовски.