Студенти фрлаа јајца врз Еди Рама

Претставници на Здружението на студенти „Движење за Универзитет“ денеска поладне фрлаа јајца врз премиерот Еди Рама и неговото возило, во моментот кога тој излегувал од Факултетот за социјални работи при Универзитетот во Тирана.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, Рама таму имал средба со претставници на бизнис секорот.

За среќа погоден бил само службениот автомобил на Рама.

Полицијата привела десеттина студенти, кои доцна вечерва се ослободени. Спред Здружението таквиот нивен однос бил во знак на револт поради донесувањето на новиот Закон за високо образование.