![kancelarija-kalajdziev-640x675](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/kancelarija-kalajdziev-640x675.jpg?resize=640%2C675&ssl=1)
„Не ме фарбај“ му порачаа студентите на професорот Гордан Калајџиев кој учествува во таканаречената Шарена револуција. Денес тие ова му го порачаа со графит на неговата канцеларија.
Професорот Калајџиев на протестите удираше со боја кон споменици и институции, а воедно се закануваше дека ќе паднат и жртви. Мета на неговото вандалско однесување беше и Порта Македонија.
За уништувањето државен имот на Калајџиев му беше изречена и парична казна од полицијата во износ од 50 евра.
Универзитетскиот професор ваквото вандалско однесување го прави во име на партија која 10 години е во опозиција, која ја втурна Македонија во длабока криза, а свесна за мизерниот рејтинг бега од избори и соочување со народот.