Здружението „Студентски отпор правда“ реагира на зголемувањето на ДДВ-то за прехранбените производи и бара Владата да ја преиспита одлуката.
Во реакцијата се наведува дека со зголемувањето на цената на храната не ќе можат со 140-те денари што ги добиваат како субвенциониран студенски оброк да ги задоволат основните потреби за храна во текот на денот.
-Животот е се поскап, нашите родители мака мачат со ниските плати кои ги остваруваат на месечно ниво да ни обезбедаат соодветен живот, а згора на тоа куповната моќ на 140 денари субвенциониран студентски оброк се намалува, велат од Здружението.
Од здружението се надеваат дека ќе се намали ДДВ-то на храната и со тоа, како што наведуваат во соопштението, студентите повторно ќе може да си дозволат попристоен оброк во текот на денот.