Студија: Луѓето наскоро ќе живеат пет години подолго

Очекуваниот човечки животен век ќе се зголеми за речиси пет години до 2050 година, објави научното списаени Lancet.

Се предвидува дека вкупниот животен век на човечката раса ќе се зголеми од 73,6 години во 2022 година на околу 78,1 година во 2050 година, што е зголемување за 4,5 години. Кај мажите од 71,1 година ќе се зголеми на 76 години, а кај жените од 76,2 на 80,5 години.

Најголем раст ќе има во земјите каде што очекуваниот животен век во моментов е помал.

Трендот во голема мера е резултат на мерките за јавно здравје кои ја спречија и ја подобрија стапката на преживување од кардиоваскуларни болести, ковид-19 и низа заразни болести, како и болести поврзани со мајките, новороденчињата и исхраната, велат експертите.

Иако очекуваниот животен век ширум светот се предвидува да се зголеми до 2050 година, напредокот е побавен отколку во трите децении пред пандемијата на ковид-19, покажа истражувањето.

Студијата покажува дека актуелните трендови во незаразните болести, како што се кардиоваскуларните болести, ракот и дијабетесот, како и изложеноста на факторите на ризик поврзани со незаразните болести како што се дебелината, високиот крвен притисок, нездравата исхрана и пушењето, ќе имаат најголем влијание врз здравствените проблеми на следната генерација.

Продолжувањето на животниот век не е придружено со продолжување на животот во здравје во иста мера. Просечниот број години што едно лице може да очекува да ги мине во добро здравје ќе се зголеми од 64,8 години во 2022 година на 67,4 години во 2050 година, што е зголемување за само 2,6 години.

Ова сугерира дека иако се очекува повеќе луѓе да живеат подолго, тие исто така се очекува да поминат повеќе години во лошо здравје.

Истражувањето покажа дека вкупниот број изгубени години поради лошо здравје и рана смрт кои се припишуваат на метаболички фактори на ризик, како што се високиот крвен притисок, висок шеќер во крвта и висок индекс на телесна маса, мерка за дебелина, се зголемил за речиси 50 проценти од 2000 година. .

Анализата ги засноваше своите проценки на 88 фактори на ризик и нивните поврзани здравствени резултати за 204 земји и територии од 1990 до 2021 година.