Британски научници развиле нова алатка со којашто ги употребуваат клетките кои ги уништуваат туморите за брза и ефикасна борба против ракот, а резултатите од истражувањето се објавени во стручното списание Nature Biomedical Engineering.
Најновата студија покажала драматично намалување на туморите кај лабораториските глувци во споредба со традиционалните методи на клеточна терапија којашто ја подобрува способноста на имунолошкиот систем во борбата против ракот.
Со новиот уред кој би може да се создаде со 3Д принтер, научниците од Универзитетот Нортвестерн ги умножиле, сортирале и собирале стотиците милиони клетки, добивајќи 400 отсто повеќе клетки кои ги уништуваат туморите од досегашните пристапи во лекувањето.
Повеќето методи за лекување на ракот вклучуваат токсични хемикалии и надворешни материи, коишто предизвикуваат штетни нуспојави и го слабеат имунолошкиот одговор на организмот. Но користењето на сопствените ткива и клетки може да ги елеминира нуспојавите и ризикот од отфрлање.
„Луѓе се излекувани од напредуван меланом низ лекување со сопствените имунолошки клетки кои се собрани од туморното ткиво. Проблемот се состои во тоа што поради начините на кои клетките се собираат, тоа дејствува само кај многу мал број пациенти“, вели Шејна Кели која учестувала во истражувањето.
Овие клетки, наречени лимфоците кои го инфилтрираат туморот (TIL), се природни имунолошки клетки кои го напаѓаат туморното ткиво ангажирајќи ги клетките да се „борат град в гради“, велат научниците.
Според научниците, клеточните терапии кои денес се употребуваат на клиниките користат мешавина на „истрошени“ и „незрели“ клетки за лекување на тумор.
Откако ќе бидат извадени од ткивото, клетките се одгледуваат во лаборатории далеку од пациентот од кој се земени. До моментот кога се намножиле и се подготвени за враќање во организмот, многу клетки се исцрпени и неспособни да се борат, имајќи предвид дека се предолго во туморот.
Меѓутоа, користејќи ја новата технологија наречена микрофлуидно целење на афинитетот на инфилтрирачките клетки (MATIC), научниците можат точно да одредат кои се најактивните клетки.
Во својата работа научниците ја користеле MATIC за да ја најдат целената популација клетки за глуувците кои биле проучувани. Откриле дека туморите кај животните драматично се намалиле, а кај некои глувци потполно исчезнале, што довело до големо подобрување на стапката на преживување во споредба со традиционалните методи.
„Наместо на глувците да им даваме мешавина од клетки со различни фенотипови, ние им даваме фенотип на една клетка којашто всушност може да им помогне. Се воочува многу посилна и многу поголема стапка на одговорот кога навистина ќе ја излачите целената реактивност на Т-клетките“, вели др Кели.