Пожар по полноќ избувна на улицата Ленинова Број 16.
Според податоците, околу 30 минути по полноќ синоќа се запалил објектот каде е сместено модното студио „Дадар”.
Засега не се познати причините за настанувањето на пожарот во студиото на Дадар, кој веднаш бил изгаснат од страна на противпожарната единица.
Не е исклучена можноста пожарот во објектот на Дадар да е подметнат, објавува порталот „Пресс24“, пренесува Нетпрес.