Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изрази жалење за максималистичките барања на Тројката кредитори за време на преговорите со Атина, предупредувајќи дека од земјата не треба да се бараат повеќе реформи, пренесе „АФП“.
„Мнозинството во грчкиот Парламент е мало, па мора да внимаваме“, изјави Стурнарас, истакнувајќи дека „некои работи може да бидат направени, некои не“.
Министерот исто така, изрази жалење за максималистичкиот пристап, што досега беше применет од доверителите при преговорите со земјата и што водеше до зголемување на стравувањата на финансиските пазари и пад во трговската дејност за време на редовните посети на претставниците на Тројката во Атина.