За менаџирање на мигрантската криза во Грција ќе бидат потребни повеќе од претходно предвидените 600 милиони евра, со оглед на тоа што се повеќе бегалци се приморани да останат во земјата, изјави гувернерот на Банката на Грција Јанис Стурнас, пренесува Катимерини.
Во моментов во Грција се заглавени над 41.000 мигранти, по затворањето на Балканската рута. Минатиот месец централната банка предвиде трошоци од 600 милиони евра со што ќе се покријат операциите, сместувачките капацитети и реадмисијата.
Таа проценка беше заснована врз претпоставката дека Грција е само транзит држава, но ако сега треба да сместиме толку голем број на бегалци, оваа проценка ќе мора да биде ревидирана, рече Стурнас.