Откако Суарез заработи суспензија од девет меча, но и четиримесечна забрана за било каква фудбалска активност поради тоа што го гризна Џорџо Кјелини, шегите на негова сметка не стивнуваат.
Имено,логото на компанија Аpple се појави со коментар „Suarez was here“, алудирајќи на тоа гризот на јаболката можеби е на Суарез.
Но некои „шеги“ ги однесе ѓаволот односно го чинат скапо, како на пример онаа дека Адидас го раскинува рекламниот договор со него, образложувајќи дека очекува пристојно однесување од фудбалерите кои ги има ангажирано.
Суарез девет репрезентативни мечеви нема да може да игра за Уругвај, а казната почнува од осминафиналниот дуел и ќе продолжи на идното СП или во квалификациите за следниот Мундијал. Освен ова треба да плати и парична казна од околу 80 илјади евра