Голема тага завладее во таборот на фудбалската репрезентација на Уругвај, откако лекраскиот тим потврди дека повредата која најголемата ѕвезда во националниот дрес, Луис Суарез, ја заработи на последниот тренинг е од посериозен карактер.
Напаѓачот на Ливерпул се пожалил на голема болка во коленото, а лекарскиот преглед покажал дека станува збор за повреда на менискусот и дека напаѓачот мора под итно да замине на операција.
Ваквиот вид на повреда бара мирување во следните шест недели, но лекарскиот тим на Уругвај е убеден дека Суарез може да се опорави за 20 дена, но сигурно ќе го пропушти првиот натпревар во групната фаза против селекцијата на Костарика.